Учениците од Македонија го забележаа најголемиот успех на меѓународната олимпијада по физика, во Токио-Јапонија

53. Меѓународна олимпијада по физика која се одржа во Токио – Јапонија, учениците од Македонија го забележаа најголемиот успех, освојувајќи два бронзени медали и две награди за успешно учество (пофалници).

  1. Мајкл Георгиевски, ученик во четврта година во СОУ Гимназија Добри Даскалов – Кавадарци – бронзен медал,
  2. Јан Стојановски, ученик во трета година во ПСУ Јахја Кемал – Скопје – бронзен медал,
  3. Матеј Гелев, ученик во трета година во ПСУ Јахја Кемал – Скопје – пофалница
  4. Емилија Николовска, ученичка во трета година во Математичко – информатичка гимназија – Скопје пофалница.
  5. На оваа олимпијада во тимот учествуваше и достојно го покажа своето знаење и Кристијан Шишкоски, ученик во четврта година во Св. Климент Охридски – Охрид,

Водачи на тимот:

Проф. д-р Ламбе Барандовски, вонреден професор на ПМФ во Скопје и Проф. д-р Боце Митревски, редовен професор на ПМФ во Скопје.

Честитки за огромниот успех!

Прочитајте повеќе на Друштвото на Физичари на Република Македонија (ДФРМ)



Спонзорирано:


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *