Искази

  • Декларативна реченица изговорена или запишана, за која има смисла да се постави прашањето дали е вистинито () или е невистинито () тоа што е искажано со неа, се вика исказ.
  • Зборовите “вистинит” (точен) и “невистинит” (неточен) се викаат вистинитосни вредности на исказот.
  • Секоја декларативна реченица не е исказ.
  • Прашалните, заповедните и други желбени реченици не се искази.
  • Малите букви од латиницата: р, q, r, ѕ, t, … , со кои се означуваат исказите се викаат исказни букви или исказни променливи.
  • Реченицата “Исказот р е точен” се запишува: t(p)= ⊤
  • Реченицата “Исказот q е неточен” се запишува: t(q) = ⊥
  • Декларативната реченица формирана од два дадени исказа, со помош на сврзниците “и”, “или”, “ако…,тогаш”, “ако и само ако” и негацијата “не”, се вика сложен исказ.
  • Исказ што не содржи ниту еден од наведените сврзници, се вика прост или елементарен исказ.

1. КОНЈУНКЦИЈА

Ознака: р ∧ q (се чита: р и q).

  • Вистинитосната таблица на конјункцијата е:
8-c1

2. ДИСЈУНКЦИЈА

Ознака: р ∨ q (се чита: р или q).

  • Вистинитосната таблица е:
9-c1

3. НЕГАЦИЈА

Ознака: ⏋Р (се чита: не р).

  • Вистинитосната таблица е:
9-c2

4. ИМПЛИКАЦИЈА

Ознака: ⏋р => q (се чита: “Ако р, тогаш q“).

  • Вистинитосната таблица е:
10-c1

5. ЕКВИВАЛЕНЦИЈА

Ознака: р <=> q (се чита “р ако и само ако q“),

  • Вистинитосната таблица е:
11-c1

Total Page Visits: 10222 - Today Page Visits: 1