Освони златен, сребрен и бронзени медали – Најголем успех на Македонската Математичка Репрезентација

Ни претставува особена чест да објавиме дека на 64. Интернационална математичка олимпијада (ИМО 2023) – најпрестижниот математички натпревар за ученици од средните училишта, која годинава се одржува од 2.07-13.07.2023 година во Чиба, Јапонија – македонската репрезентација постигна одличен успех!

На овој светски мегдан за извонредност нашата екипа се закити со еден златен, еден сребрен, два бронзени медали и две пофалници.

  1. ДАМЈАН ДАВКОВ (златен медал; со освоени 32 поени)
  2. АЛЕКСИЈ ТАСИЌ (сребрен медал; со освоени 25 поени)
  3. НИКОЛА ЦВЕТАНОСКИ (бронзен медал; со освоени 23 поени)
  4. НИКОЛА СПИРОВСКИ (бронзен медал; со освоени 19 поени)
  5. ЈАН СТОЈАНОВСКИ (пофалница; со освоени 17 поени)
  6. БРАНКО ЈАНГЕЛОВСКИ (пофалница, со освоени 11 поени)

Успехот на овие наши деца е успех за целата татковина!

Им честитаме и им посакуваме уште многу идни академски достигнувања!

СММ



Спонзорирано:


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *