Сложена камтна сметка

Кога капиталот во текот на еден пресметковен период се зголемува за пресметаната камата и со тоа претставува основа за пресметување на каматата за наредниот период, станува збор за сложена каматна сметка. Сложената камата може да се пресметува еднаш, два пати или повеќе пати во текот на годината. Периодот на кој се пресметува каматата се нарекува период на капитализација или период на вкаматување.

Четири величини кои се јавуваат при пресметување на сложена камтна сметка се:

  • K – (основа, главница или капитал)- основна сума на која се пресметува каматата
  • i – камата
  • p – каматна стапка изразена во процент (%)
  • t – време за кое се пресметува каматата
  • m – број на вкаматувања во текот на годината (број на периоди)

Ако вкаматувањето се врши на крајот на секој пресметковен период, станува збор за декурзивно вкаматување, а каматната стапка ја бележиме  p.a(d) а основата за пресметување на декурзивната каматна стапка е капиталот на почетокот на периодот на вакаматувањето.

Доколку капитализирањето се врши на почетокот на секој период, основата за пресметување на антиципативна камата е капиталот на крајот од периодот на вкаматување, а велиме се работи за антиципативно вкаматување, а каматната стапка ја бележиме со p.a(a)

Годишното вкаматување се бележи со а, полугодишното (семестралното) со s, тримесечно(квартално) со q, месечно со m.

Крајната вредност на сумата зголемена за износот на сложената камата на крајот на целиот период на вкаматување се вика идна вредност на сумата. Почетната вредност на сумата која се вкаматува К се вика сегашна вредност на сумата. Идната вредност на сумата К која се вкаматува декурзивно во период од n – години со годишна декурзивна каматна стапка р и m периоди на вкаматување во една година се пресметува со формулата:

        

 

Идната вредност на сума К која се вкаматува антиципативно во период од n – години со  декурзивна каматна стапка p и m периоди на вкаматување во една година се пресметува со формулата:

 

 



Спонзорирано:


Total Page Visits: 8555 - Today Page Visits: 1