Реални броеви

Секој непериодичен бесконечен децимален број се вика ирационален број.
Пример:
Броевите   2,232332333 … , √2 , √3 , π,   се ирационални броеви.

Множеството на ирационалните броеви се означува со I
Множеството R = Q I се вика множество на реалните броеви.


1. ИНТЕРВАЛ

Нека a,b ∈ R. Множеството од сите реални броеви што се наоѓаат меѓу броевите a и b се вика интервал. Броевите a и b се викаат краеви на интервалот.
Ако краевите a и b му припаѓаат на интервалот се вика затворен ивтервал и се означува со:
[а,b] = {x ∈ R | a ≤ x ≤ b}
Ако краевите a и b не му припаѓаат на интервалот, тој е отворен ивтервал и се означува со:
(а,b) = {x ∈ R | a < x < b}

Се употребуваат и следните интервали:

[a , b) = { x ∈ R | a ≤ x < b }
(a , b] = { x ∈ R | a < x ≤ b }
[a , +∞) = { x ∈ R | x ≥ a }
(a , +∞] = { x ∈ R | x ≥ a }
(-∞ , a) = { x ∈ R | x < a }
(-∞ , a) = { x ∈ R | x < a }
(-∞ , +∞) = { x ∈ R }

– Realni broevi –

Total Page Visits: 7382 - Today Page Visits: 4