1. ПЛОШТИНА И ВОЛУМЕН НА ПРИЗМА
Плоштината на една призма е еднаква на збирот од плоштините на нејзините основи В и плоштината на нејзината обвивка М, т.е.
Р = 2В + М
Волуменот на призма е еднаков на производот од плоштината на основата В и висината на призмата Н, т.е.
V = B • H
2 ПЛОШТИНА И ВОЛУМЕН НА ПИРАМИДА
Плоштината на пирамидата е еднаква на збирот од плоштината на основата В и обвивката М, т.е.
Р = В + М
Волуменот на која било пирамида е еднаков на третина од производот на плоштината на основата и должината на нејзината висина, т.е
3. ПЛОШТИНА И ВОЛУМЕН НА ПОТСЕЧЕНА ПИРАМИДА
Плоштината на потсечена пирамида е еднаква на збирот од плоштините на нејзините основи В и B₁ и обвиката М, т.е.
Р = В + В₁ + M
Ако висината на потсечената пирамида е H, а плоштините на основите се В и B₁, тогаш нејзиниот волумен е
4. ПЛОШТИНА И ВОЛУМЕН НА ЦИЛИНДАР
Плоштината на цилиндар е еднаква на збирот од плоштините на основите В и обвивката М, т.е.
P = 2B + M, односно
P = 2πR (R + H)
Волуменот на кој било цилиндар е еднаков на производот од плоштината на неговата основа и висината, т.е.
5. ПЛОШТИНА И ВОЛУМЕН НА КОНУС
Плоштината на конус е еднаква на збирот од плоштината на основата В и обвивката М, т.е.
Р = В + М, односно
Р = πR (R + s),
(R – радиус на основата, ѕ – генератриса).
Волуменот на кој било конус е еднаков на третина од производот на плоштината на
основата и неговата висина, т.е.
6. ПЛОШТИНА И ВОЛУМЕН НА ПОТСЕЧЕН КОНУС
Плоштината на потсечен конус е еднаков на збирот од плоштините на двете основи и плоштината на неговата обвивка, т.е.
P = π [ R² + r² + s (R + r)]
Волуменот на потсечен конус се пресметува со фoрмулата:
7. ВОЛУМЕН НА ТОПКА И ДЕЛОВИ НА ТОПКА
Волуменот V на топка со радиус R се пресметува со формулата
Волуменот V на топкин исечок се пресметува со формулата
во која R е радиусот на топката, h е висината на калотата.
Волуменот V на тoпкин отсечок со висина h и радиус на топката R се пресметува со формулата
Волуменот V на топкин слој со висина h и радиуси на граничните кругови r1 и r2 (црт.23)се пресметува со формулата