На Јуниорската Балканска Математичка Олимпијада 2021 (ЈБМО), македонската екипа оствари огромен успех. Освоени се 1 златен, 1 сребрен и 2 бронзени медали. Им честитаме на нашите натпреварувачи:
- Дамјан Давков – златен медал
- Алексиј Тасиќ – сребрен медал
- Бранко Јангеловски – бронзен медал
- Леонид Тодороски – бронзен медал
На ЈБМО 2021 успешно учествуваа и Миша Веселински и Михаела Смилевска.
Поздрав до натпреварувачите. Им посакуваме и во иднина одлични резултати и афирмација на нашата земја (Македонија) на европско и светско ниво.

За подетални информации посетете го сајтот на Сојуз на Математичари на Македонија