Успеси за нашиот тим на 24.Јуниорска Балканска Математичка Олимпијада – ЈБМО 2020

Во периодот од 09.09.2020 до 13.09.2020, виртуелно се одржа 24. Јуниорска балканска математичка олимпијада ЈБМО 2020. Македонската екипа се состоеше од 8 члена, од кои 6 натпреварувачи, Делчо Лешковски-лидер и Борче Јошевски-заменик лидер на екипата.
Постигнати се фантастични резултати, остварен е еден од најголемите успеси на нашата држава на ЈБМО.Освоени се еден златен, еден сребрен и два бронзени медали. Честитки и благодарност за успехот до целата екипа.

1. Никола Спировски – златен медал

2. Дамјан Давков – сребрен медал

3. Никола Цветаноски – бронзен медал

4. Марија Атанасова – бронзен медал

Повеќе прочитајте на страната на Сојуз на Математичари на Македонија (СММ)



Спонзорирано:


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *