Злато за македонските математичари на Светската математичка олимпијада во Англија

Огромен успех за нашите македонски ученици на Интернационалната математичка олимпијада во Англија. Златен медал освои Дамјан Давков, Алексиј Тасиќ и Леонид Тодороски освоија бронзени медали, а Никола Цветаноски, Бранко Јангеловски и Ивано Божиновски освоија пофалници.

Македонската репрезентација на олимпијадата ја водеа менторите Илија Јовчески и Мирко Петрушевски кои се членови на Сојузот на матемачарите на Македонија.

Тимот го сочинуваа:

– Дамјан Давков – Математичко – информатичка гимназија, Скопје.

– Алексиј Тасиќ – ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје

– Никола Цветаноски – ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје

– Леонид Тодороски – ПСУ „Јахја Кемал“ – Струга

– Бранко Јангеловски – ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје

– Ивано Божиновски – Математичко – информатичка гимназија, Скопје.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *