Државниот натпревар по математика за средно образование – Список на учесници

Почитувани,
Сојузот на Математичари на Македонија ги објави учесниците на Државниот натпревар по математика кој ќе се одржи на 10.04.2021 година, сабота и 11.04.2021 година, недела.

На Државниот натпревар се пласирани сите наградени ученици од прва и втора година, како и сите пофалени и наградени ученици од трета и четврта година.

Конечниот список со постигнатиот успех на сите ученици од Регионалниот натпревар за средно образование 2021 година, може да го најдете овде.

Според бројот на учесници, учениците од прва година ќе се натпреваруваат во сабота, а сите останати во недела. Официјалниот почеток е во 10 часот, во соодветниот ден, а сите ученици треба да се пред влезот на Природно математичкиот факултет во Скопје, најдоцна до 9:30 часот.

Натпреварот ќе се одржи во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје, со физичко присуство на учениците и со почитување на протоколот за работа на ПМФ при физичко присуство.

Повеќе детали за настанот следете на веб страната на СММ



Спонзорирано:


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *