Се сретнуваат после 20 години двајца математчари. Меѓу другиот муабет, паѓа и кој колку деца има. Првиот си кажува, а вториот вели:
– Имам 3 деца, производот на годините е 36, а збирот колку бројот на автобусот што помина.
Првиот на ова вели дека сеуште незнае, а вториот додава:
– Е па мислам дека е доволно. Еве ќе додадам дека само најстарото има црна коса како мене.
По колку години имаат децата на вториот математичар?
Забелешка: Годините се земаат како цел број.
