Нов, голем успех постигнаа младите македонски математичари кои учествуваат на 67-ма Интернационална Математичка Олимпијада што се одржува во Шангај – Кина.
Шестчлената екипа која ја претставуваше Македонија во голема конкуренција успеа да освои еден златен и три бронзени медали.
Со највредниот медал се закити еден од најуспешните млади македонски математичари Дамјан Давков, а бронзените одличја ги добија Ивано Божиновски, Андреј Тасиќ и Леонид Тодороски, додека пофалница освои Филип Калкашлиев, а успешно претставување имал и Марко Митевски. Лидер на тимот е Марко Петруштевски, а заменик-лидер Алексиј Тасиќ.
На Интернационалната математичка олипмијада во Шангај, на кјоја настапуваат учесниците на средношколската возраст, се појавија 680 натпреварувачи од 120 земји.
На сите наши млади математичари им честитаме и им посакуваме уште многу успеси!!!
