13-та Европска женска математичка олимпијада

Во периодот 11 – 17.04.2024, нашиот национален тим во состав Емилија Николовска, Миша Веселински, Сара Тошевска и Нина Ламева, успешно се претстави на 13тата Европска женска математичка олимпијада.
ЕГМО 2024 се одржа во Цхалтубо, Грузија. Учествуваат 54 земји од кои 37 од Европа и 17 надвор од континентот. Нашиот тим екипно го освои 24тото место во конкуренција на Европските земји.

Со бронзен медал се закити нашата Миша Веселински, ученичка во трета година во ПСУ Јахја Кемал.

Тимот изразува огромна благодарност за помошта и поддршката во подготовките до м-р Драган Трајчев, докторант на Универзитетот во Манчестер. Водач и заменик водач на тимот беа проф. д-р Анета Гацовска – Барандовска и м-р Ерблина Зеќири Синани од Институтот за математика при ПМФ.

Споделено од сајтот на Сојуз на Математичари на Македонија

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *