Анхоч го најави првиот турнир во Теккен 8 во Македонија!

Анхоч, во соработка со Комикс МК (comics.mk), со огромно задоволство и гордост го најавија првиот турнир за сите љубители на Теккен 8 во Македонија.

Датум: 27.01.2024 со почеток во 12:00ч.
Локација: Capitoll Mall – Аеродром, Скопје, 2ри кат.

Ова не е обичен турнир, туку 5 часовна мега забава исполнета со изненадувања, топли прегратки, танцување и боречки вештини и секако фантастични награди.
Забавата и одличните награди се загарантирани и за учесниците но и за целата публика.
Се започнува на 27.01.2024 во 12:00ч со непобедливата енергија на единствениот Марко Новески кој ќе Ве води низ целиот настан.


Она што може да го очекувате:

  • Награди за најдобрите 3 натпреварувачи:

    * Прво место: Анхоч гејминг вредносен ваучер во висина од 12.000 денари
    * Второ место: Анхоч гејминг вредносен ваучер во висина од 6.000 денари
    * Трето место: Анхоч гејминг вредносен ваучер во висина од 3.000 денари
    Натпреварот ќе биде координиран и изведен во светски рамки, со добро познат Координатор и Судија од нашиот простор.
  • Награди за посетителите и оние кои ќе бидат со нас (Iron Fist Hour, односно Часот на Челичната Рака) :
    * Игри
    * Хардвер
    * Облека
  • Уникатен косплеј: Фантастичните Ива – Avi Cosplay (avicosplay) и Мартин Соколовски (martin.2jz)  ќе бидат облечени во улога на едни од главните ликови во новото издание на играта Теккен 8 – Лили и Џин.

    Ќе имате шанса и да се сликате со нив, а можеби да дознаете и некоја тајна за Лили и Џин.
  • Сето ова ќе биде зачинето и со можност да видите уникатни боречки вештини од страна на веќе докажани мајстори во оваа област, односно:
    Школа за Изворни Јапонски Борбени Вештини и Култура
    TENRYU – BUSHIDO SCHOOL
    Иванчо Горјанин сенсеи (igorjanin)

Ги очекуваме сите љубители на Теккен но и секој кој сака да биде дел од уникатен настан каков што заслужува нашата гејминг заедница на заедничка забава и дружење.

Ние потврдуваме присуство а вие?
Погледнете ги сите детали на www.anhoch.com



Спонзорирано:


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *