На јубилејната 40та Балканска математичка олимпијада, Македонија оствари нов рекорд. За прв пат се освоени шест медали меѓу кои еден златен, еден сребрен и четири бронзени медали. Златниот медал е освоен од Никола Спировски, сребрениот е од Дамјан Давков, а бронзените од Јан Стојановски, Алексиј Тасиќ, Никола Цветаноски и Алек Танаскоски.
Македонија се пласира на 5тото место во официјалната конкуренција.
Македонија е една од трите држави со златен медал.
Прочитајте повеќе на сајтот на Сојуз на Математичари на Македонија