Нова обука од Data Masters

Data Science for Teens – направете ги првите чекори во data-driven ерата

Data Science изминативе години важи за една од најпопуларните професии во светот, а интересот за неа постојано оди во нагорен тренд. Покрај тоа што нејзиното изучување значи зачекорување во data-driven свет во кој можностите за нов вид кариера и насочување се огромни, оваа наука истовремено го поттикнува аналитичкото размислување – две придобивки што се од особена корист за најмладите. Мотивирани од ова, Data Masters за прв пат создаде Data Science обука за млади на возраст од 13 до 18 години која ќе се реализира во летниот период.

Data Science е сегашноста и иднината. Нејзината моќ да го помогне напредокот и да го трансформира знаењето на повисоко ниво, се дел од показателите дека истата само ќе галопира напред и ќе биде уште побарана. Од друга страна, во нашата земја имаме голем број на млади кои уште од мали нозе покажуваат талент за бројки и програмирање, а на кои им треба насочување со цел да можат најдобро да го искористат талентот.

Кои се придобивките од изучување на Data Science?

Data Science на некој начин ни помага да ѕирнеме во иднината со помош на бројките (податоците). Денес, речиси сè што правиме се зачувува како податоци, а нивното правилно користење и анализа ни овозможува да дојдеме до одредени заклучоци. И токму тука доаѓа на сцена Data Science – наука која овозможува да се справиме со сето тоа мноштво од податоци. Бидејќи е спој од математика и програмирање, нејзината примена во различни видови на области е огромна, а придобивките од нејзиното изучување од рана возраст се многубројни.

Преку нејзиното изучување најмладите имаат можност да се стекнат со логички и аналитички начин на размислување, да научат дека податоците се всушност присутни во целокупното наше живеење и да го согледаат нивното значење (на пример: колку пати сте ја играле вашата омилена игра преку апликација на телефонот; како да предвидите дали утрешниот ден ќе биде сончев или дождлив користејќи историски податоци итн.). Во суштина, математиката е двигател на многу нешта околу нас кои претставуваат секојдневие и доколку вашето дете поседува афинитети кон математика и програмирање, Data Science  е одличен начин за да го насочите нивниот талент.

„Како Академија која нуди многу можности за насочување во областа на Data Science, а земајќи го предвид големиот интерес и сè поголемиот број на млади таленти, одлучивме да создадеме програма адаптирана за млади на возраст од 13 до 18 години која ќе се реализира во летниот период. Целта на едномесечната програма е да им помогне на учениците да ги направат првите чекори во Data Science на еден забавен и едукативен начин и правилно да го насочи нивниот талент. Програмата е комплетно адаптирана онлајн, а она што би сакала да истакнам е дека местата се ограничени и токму затоа ги повикувам заинтересираните родители и секако учениците да го обезбедат своето место навремено“ – вели Катерина Јангеловска, раководител на Академијата Data Masters.

Какво предзнаење е потребно?

За учество во обуката не е потребно предзнаење, но секако се препорачува за млади кои веќе имаат афинитет кон бројки и програмирање.

За Data Masters Academy

Data Masters Academy е составен дел од консултантскиот бизнис на компанијата Data Masters која во своите рамки има големо искуство и работи на интернационални проекти од областа на Data Science. Во досегашниот тек, има школувано над 250 студенти преку различни видови на обуки и Академијата за Data Science која во 2021 година ја произведе и третата генерација на Data Scientists, со што во континуитет создава врвни таленти кои наученото можат да го применат во светски рамки.

Сите заинтересирани за пријавување за обуката Data Science for Teens, тоа можат да го сторат тука.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *