Прво место на Европска Математичка Олимпијада (ЕМО 2026)

Злато, сребро и бронза за Македонија!

Годинава, за прв пат се одржа Европска Математичка Олимпијада (ЕМО 2026). Натпреварот се одржа во Вилнус, Литванија, во периодот 23-29 април. Нашата делегација се состоеше од шест ученици: Дамјан Давков, Ивано Божиновски, Леонид Тодороски, Марко Митевски, Андреј Тасиќ и Филип Џамбаски; предводени од Илија Јовчески и Лука Хаџи Јорданов.

На натпреварот учествуваа 124 натпреварувачи од 19 европски држави кои решаваа 8 задачи во тек на два дена. Како и во изминатите неколку години нашите натпреварувачи се покажаа одлично и тројца од нив се закитија со медали: златен, сребрен и бронзен:

🥇 ДАМЈАН ДАВКОВ (златен медал; 44 поени)

🥈 ИВАНО БОЖИНОВСКИ (сребрен медал; 29 поени)

🥉 ЛЕОНИД ТОДОРОСКИ (бронзен медал; 23 поени)

Ова е уште еден голем успех на младите математичари од Македонија.

Сакаме да напоменеме дека ✨️ Дамјан Давков ✨️ со освоени 44 поени е прворангиран, заедно со ученик од Казахстан, т.е. е севкупен победник на Првата Европска Математичка Олимпијада. 🎉

Во екипен пласман е освоено високото 6-то место според бројот на одличја, после Казахстан, Украина, Бугарија, Франција и Грузија.

Најискрени честитки за целата македонска екипа на ЕМО 2026. Успехот на овие златни деца е успех за целата татковина. Им посакуваме уште подобри резултати на идните натпревари.

За повеќе информации, погледнете на страната на Сојуз на Математичари на Македонија – СММ!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *