Семос детскиот едукативен центар си ја бара својата маскота со име и лик!

Повеќе од 10.000 деца, 28 години постоење, програми кои ги подготвуваат најмладите за дигиталната ера се само дел од успесите на најголемиот едукативен центар во Македонија и регионот, Семос Едукација. Оваа приказна ја заокружуваме со интересен предизвик за децата (7 до 17години) од цела Македонија, а тоа е креирање на маскота со име и лик кој ќе го претставува Детскиот Едукативен Центар.


Истакни ја твојата креативна страна!


За да бидеш дел од натпреварот, треба да:

  • Си дете на возраст од  7 до 17 години
  • Ја креираш својата идеја во вид на рачен цртеж или дигитална креација со користење на алатки како Photoshop, Illustrator и сл.
  • Ја испратиш твојата оригинална идеја на следниот ЛИНК до 22.11.2023

Што да очекуваш?

  • Доколку си во најкреативните 10 учесници, очекувај го нашиот повик и покана во просториите на Семос Едукација, каде ќе имаш можност да ни ја преставиш својата оригинална идеја.
  • Најдобрата идеја за ликот на Семос детскиот едукативен центар ќе биде прогласена истиот ден.

Награда за секој учесник во натпреварот:

Бесплатна креативна работилница за усовршување на Adobe алатките.
(Photoshop, Illustrator) по завршување на натпреварот.

Награда за победникот:

Стипендија од Семос детски едукативен центар во вредност од
16.000 мкд за пакет курсеви за јуниори!

Ти посакуваме среќа и ја очекуваме твојата оригинална идеја!




Спонзорирано:


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *