Ученикот Димитар Џорлев освои златен медал на Меѓународниот математички натпревар IYMC 2020

Димитар Џорлев, ученик во III година во СОУ „Јане Сандански“ во Струмица, освои златен медал на меѓународниот математички натпревар „IYMC 2020“.
На тој натправар учествуваа околу 6500 ученици од 98 земји.

Натпреварот се одржуваше во периодот септември – декември и по поминатите три круга, односно квалификациите и полуфиналето, на финалниот натпревар, Димитар освои златен медал и доби специјална национална награда за најдобар резултат. Истиот овој успех тој го имаше и минатата година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *