Освоени 4 медали – Голем успех на нашата екипа на Балканската Математичка Олимпијада 2020

Почитувани,
Заврши 37-та Балканска математичка олимпијада, која виртуелно се одржа од 31.10.2020 до 05.11.2020.
Овогодишна земја-домаќин на балканијадата беше Романија и учествуваа 17 држави – 10 балкански држави учеснички, и осум гостински тимови.
Македонија ја претставуваа следните ученици:
Никола Спировски – 30 поени (сребрен медал)
Дамјан Давков – 23 поени (бронзен медал)
Алек Јармов – 21 поен (бронзен медал)
Лука Грашкоски – 20 поени (бронзен медал)
Кристина Тасева – 12 поени (пофалница)
Бојан Димовски – 7 поени

Водач на тимот беше Никола Велов, а заменик водач Борче Јошевски.
Огромна поддршка на целокупниот тек на натпреварот беа Илија Јовчески, Мирко Петрушевски и Ѓорѓи Маркоски.
Тимот освои вкупно 113 поени, што е најмногу во последните 11 години.
Горди сме што Македонија достоинствено го заокружи циклусот меѓународни математички натпревари за учебната 2019/2020 година.
Сакаме да упатиме честитки до сите натпреварувачи и целиот тим за постигнатиот успех.

Прочитајте повеќе на веб страната на Сојуз на Математичари на Македонија



Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *