На 43. Балканска математичка олимпијада (БМО 2026) – која годинава се одржува во Солун, Република Грција – македонската репрезентација постигна одличен успех!
На овој престижен меѓународен собир на млади математички умови, во конкуренција на 148 натпреварувачи, од 25 држави на три континенти, нашата репрезентација се закити со еден златен медал и два бронзени медали.
- ДАМЈАН ДАВКОВ (златен медал; со освоени 31 поен)
- АНДРЕЈ ТАСИЌ (бронзен медал; со освоени 11 поени)
- ИВАНО БОЖИНОВСКИ (бронзен медал; со освоени 11 поени)


Им честитаме и им посакуваме уште многу идни академски достигнувања!
Прочитајте повеќе на сајтот Сојуз на Математичари на Македонија – СММ
