Македонските студенти од Природно-математичкиот факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје повторно блеснаа на меѓународната математичка сцена! На престижниот студентски натпревар по математика SEEMOUS 2026, тие постигнаа извонреден успех.
Јан Стојановски, студент на теориска математика и теориска физика, освои сребрен медал,
Андреј Стојановски, студент на теориска физика, освои бронзен медал,
со што достојно ја претставија Македонија и го потврдија високото ниво на математичко образование на ПМФ – Скопје.

Македонскиот тим беше предводен од м-р Стево Ѓоргиев, асистент на Институтот за математика при ПМФ – Скопје.
Тој активно учествуваше и во меѓународното жири за избор на задачите, како и во организацијата на натпреварот во улога на локален координатор. ![]()
![]()

Искрени честитки за овој врвен успех и гордо претставување на македонската математичка заедница!
Домаќин на натпреварот е Здружението на математичари на Кипар, а овогодишното издание се одржа во Пафос, Кипар.
Прочитајте повеќе на ФБ страната на Институтот за Математика ПМФ-Скопје
