Информација за натпреварите по математика 2026г.

Почитувани,

Ве известуваме дека пријавувањето на учениците за општинските натпревари за основно образование го вршат училиштата, преку назначен наставник координатор од училиштето, најдоцна до 23.01.2026 година. Пријавувањето се врши преку пополнување на соодветната табела:

  1. Пријава за основно образование

Адресата за испраќање на пополнетата табела со натпреварувачите од основното образование е natprevari.smm2024@gmail.com

Начинот за организирање и спроведување на натпреварите детално се опишани во:
Правилникот за организирање и изведување на натпреварите по математика во основно образование


2. Пријава за средно образование

Адресата за испраќање на пополнетата табела со натпреварувачите од средното образование е smm.sredno@gmail.com

Начинот за организирање и спроведување на натпреварите детално се опишани во:
Правилникот за организирање и изведување на натпреварите по математика во средно образование

Сите потребни информации околу општинскиот натпревар по математика за основно образование се овде.…

Прочитајте повеќе на страната на Сојуз на Математичари на Македонија СММ

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *