
Александар Пецев
Дипломиран нанотехнолог
Технолошко-металуршки факултет
(Online часови или Физичко присуство)
Часови по Математика и Хемија
Драги ученици, се викам Александар, роден сум и живеам во Скопје, населба Хром – Ѓорче Петров. Средното училиште го завршив во гимназијата „Никола Карев“, а академските студии на Технолошко-металуршкиот факултет при УКИМ. Дипломиран сум инженер – технолог по насоката „Инженерство на материјали и нанотехнологии“.
Активно се занимавам со природните науки (хемија, физика, математика, биологија итн.) и истражувам интересни области од нанотехнологиите, медицина, биохемија, нуклеарна и атомска физика. Мојата цел е да помогнам на учениците од основните и средните училишта полесно да ги совладаат математиката и хемијата. Повторувањето повеќе пати воопшто не е проблем за мене, бидејќи најважно е ученикот да ја научи областа.
Од математика ги работам сите области, а од хемија ги предавам неорганската и органската хемија.
Што се однесува до локацијата за часовите, не го попречувам ученикот на таквата одлука – дали јас ќе доаѓам или ученикот ќе дојде, тоа не спаѓа во цената. За отворена соработка и договор сум секогаш спремен, располагам со голема литература и презентации за математика и хемија.
Со ученикот се договараме било кој ден за час, под услов нормално и двете страни да најдеме заеднички слободен термин. Часовите може да се предаваат Online (Zoom Програм). Јас живеам во населба Хром – Ѓорче Петров, Скопје, доколку некој ученик е заинтересиран да доаѓа.
