Александар Пецев

Александар Пецев

населба Хром, Ѓорче Петров
Скопје

Дипломиран нанотехнолог на Технохошко-металуршки факултет

Часови по математика и хемија за основно и средно образование (физика само теорија)

Драги ученици,

Се викам Александар, роден сум и живеам во Скопје. Средното училиште го завршив во гимназијата „Никола Карев“ во Скопје, како и академските студии на Технолошко-металуршкиот факултет при УКИМ – Скопје. Дипломиран инженер – технолог по насоката „Инженерство на материјали и нанотехнологии“. Активно се занимавам со природните науки (хемија, физика, математика, билогија итн.), но исто така во слободно време истражувам интересни области и за нанотехнологиите, медицина, биохемија, нуклеарна и атомска физика, телемедицина и други научни дисциплини поврзани со инженерството и пошироко. Мојата цел е да помогнам на учениците од основните и средните училишта полесно да ја совладаат математиката и хемијата, како методолошки да се пристапи и како да се размислува. Да повторам повеќе пати, па и речиси „цел ден“ воопшто не е проблем за мене, бидејќи во суштина најважно е ученикот да ја научи областа која ја изучува. Можам да помогнам за предметот физика, но само во теоретскиот дел. Од математика ги работам сите области, а од хемија ги предавам неорганската и органската хемија (аналитичка, биохемија и фармацевтска хемија не ги работам). Што се однесува до просторија за одржување на часовите, не го попречувам ученикот на таквата одлука – дали јас ќе доаѓам или ученикот ќе дојде, тоа не спаѓа во цената. За отворена соработка и договор сум секогаш спремен што и да треба, располагам со голема литература и презентации за математика, хемија или може некогаш и за други предмети. Моите цени се движат:
1 термин = 350 ден. (60 min)
1 термин = 500 ден. (90 min)
Со ученикот се договараме било кој ден за час, под услов нормално и двете страни да најдеме заеднички слободен термин. Јас живеам во населба Хром – Ѓорче Петров, Скопје, доколку некој ученик е заинтересиран да доаѓа.

Контакт:



Total Page Visits: 606 - Today Page Visits: 1