Игор Богданоски (Прилеп)

Игор Богданоски
(Прилеп)

дипл. проф. по математика

Професор по математика и
Microsoft Innovative Educator Expert

Часови по математика за основно и средно образование, како и за студенти од сите факултети.

Работам како професор по математика од 2002 година.

Ви стојам на располагање за помош при вашите секојдневни проблеми со математика од било кое ниво (основно, средно, факултет во земјата и странство).

Било да сакате индивидуални менторски средби или колаборативно во групи, далечината не е проблем, ќе користиме Moodle, Bitpaper, Zoom или Ofice365 (Teams или Microsoft Whiteboard) или начин на кој вие преферирате.

Сите часови ќе се снимаат доколку тоа го сакате а сите материјали кои ќе се сработат ќе бидат достапни електронски во OneNote и PDF.

Бројот на ученици во групата го определувате Вие самите но имајте во предвид дека можна е комбинација на синхроно и асинхроно учење индивидуално и во група (дел од групата да има лични менторски средби а другиот дел online во исто време на исти задачи (проблеми) или можна е неограничена online колаборација со цели групи, на исти и различни проблеми – внатрешна диференцијација во зависност од ситуацијата и желбата), можностите се наограничени.

Ценовник (сите индивидуални менторски средби се по правило од минимум 90 минути (2 наставни часа) а за online средбите се дозволуваат 10 минути за подготовка)

Основно и средно (лично или online)

Индивидуални менторски средби:       400 денари  по средба за еден термин

Групни менторски средби:                       250 ден по ученик до тројца ученици (за поголеми групи по договор)

Факултети (лично или online)

Индивидуални менторски средби (во траење од 120 минути) 600 денари

Групни менторски средби до максимум три студенти (во трaење od 120 минути) 400 денари по студент, за поголеми групи по договор.

За сите ваши прашање слободно контактирајте ме, за се има решение. Дозволете да Ви помогнам.

Контакт:



Total Page Visits: 659 - Today Page Visits: 1