Игор Богатиноски
Приватни часови по Математика, Физика и Машински предмети
Основни предности на часовите:
- Методичен и педагошки начин на работа
- Стимулирање на ученикот да учи со разбирање
- Поттикнување на ученикот активно да размислува, сам да дојде до решение на задачата
- Менторско водење на ученикот низ процесот на учење (подготовка на план за учење, совети, достапност по телефон)
- Можност да се научи пропуштеното, тоа што прави пречки за совладување на материјалот
- над 30 години искуство, чесен и искрен пристап во работењето
- Пакети на часови со кои можете да заштедите од 100 – 7500 денари
- Одлична поволност за препорака
Што вие треба да направите за да постигнете успех:
- Имајте вистинска желба да научите
- Бидете трудољубиви и работете вредно
- Следете ги моите инструкции за побрзо остварување на целта
- Прашувајте! Дојдени сте за да научите
- ЗАДОЛЖИТЕЛНО одвојте време за учење и дома
ПРИЈАТЕЛСКИ ПРЕПОРАЧУВАМ: Математиката е една од науките кај која знаењата мора да се надоврзуваат како алки во еден голем ланец и проблемот настанува тогаш кога основните алки во ланецот недостасуваат. Ви препорачувам заеднички да ги надополниме изгубените алки. Да, треба време, енергија и средства, но ефектот е долгорочен. Се работи за Вашето знаење, а тоа Ви овозможува избор во животот. Борете се за знаење, знаењето никој никогаш не може да Ви го земе.
УЧИМЕ ЗА ЖИВОТ, А НЕ ЗА ШКОЛО
Цени за часовите:
ONLINE преку “ZOOM” платформа и часови со ФИЗИЧКО ПРИСУСТВО. Цените се за час од 80 минути, начинот на плаќање е во готово, пред одржување на часот.
- За ОСНОВНО образование:
- Математика и Физика – 400 ден.
- За СРЕДНО образование:
- Математика – 400 ден.
- Физика и Машински предмети – 500 ден.
- За ВИСОКО образование:
- Математика – 500 ден.
- Физика и Машински предмети – 600 ден.
