Штипското дете чудо, на државен натпревар по Математика стана државен првак по трети пат со максимални 100 поени

Чудото е тоа што Дамјан е VI одд. а се натпреварувал со ученици од IX одд.

ДАМЈАН ДАВКОВ – Доделување награда
(Фото: natprevarimatematika)

Сѐ уште не знаел да зборува, на една и пол година, но знаел да ги разликува броевите 2 и 12. Течно читал кирилица и латиница на 2 години и 8 месеци. Во неговиот роден Штип го нарекуваат „чудото од дете“ и Штипскио Питагора.
Последниот успех е само уште една потврда за неговата надареност. Тој стана државен првак по математика по трет пат, но иако е 6-то одделение, се натпреваруваше со ученици од 9-то. Дамјан Давков е и единствен со освоени максимални 100 поени.
Оваа награда му овозможува учество на Јуниорската математичка олимпијада, за ученици до 15 години, вели неговата мајка. Ако тука се пласира меѓу првите шест деца, ќе може да оди на Балканската олимпијада, која годинава ќе се одржи во Кипар. Ако успее во ова, ќе биде нашиот најмлад учесник.

Текстот е превземен од страната deca.mk



Спонзорирано:


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *