Македонци освоија бронзи на Азиско-пацифичка математичка олимпијада

Македонската репрезентација се пласира на 24. место од вкупно 39 земји

Надежда Илиева од Велес, матурантка од гимназијата „Јахја Кемал“, и Лука Грашкоски од Скопје, прва година во „Нова“, освоија бронзени медали на 30. Азиско-пацифичка математичка олимпијада. Македонија освои две од вкупно 11 бронзени медали колку што беа доделени на Олимпијадата.
Во тимот на оваа значајна олимпијада годинава учествуваа и: Милан Тасевски, Мартин Динев, Никола Даневски, Алек Јармов, Мартина Танева, Анастасија Тортевска и Теона Никовска. Сите тие освоија почесно признание.
Македонскиот тим што учествуваше на оваа олимпијада во март годинава го освои 24. место од вкупно 39 земји. Трите најдобро рангирани држави се: Кореја, САД и Јапонија. За младите математички таленти, Илиева и Грашкоски, ова не е прво учество на оваа олимпијада. Минатата година тие добиja почесно признание.
Азиско-пацифичката олимпијада е едно од најзначајните светски натпреварувања од областа на математиката. Годинава учествуваа 352 средношколци.
Минатата година Димитар Бајрактаров од Струмица исто така се закити со бронзен медал.

Прочитајте повеќе на www.fakulteti.mk



Спонзорирано:


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *