Процент

Процент
За процент се користи ознаката %, таа значи делење со 100.
Како на пример  5 проценти се пишува 5%, а значи 5 поделено со 100.
Кога ќе се каже 100%  тоа значи цело или максимум.
50% значи половина, а 25% значи четвртина.
Еве неколку примери како се решаваат процентите.

  1. Претвори ги следниве проценти во дропка?
    5%, 10%,25%,125%и 412%
    Решение:
    5% = 5/100 = 1/20
    10% = 10/100 = 1/10
    25% = 25/100 = 1/4
    125% =125/100 = 25/20 = 5/4
    412% = 412/100 = 206/50 = 103/25
  1. Претвори ги следниве проценти во децимални броеви?
    5%, 10%,25%,125%и 412%
    Решение:
    Знаеме деа кога делиме со 100 треба да добиеме број со две децимални места па ќе имаме:

5% = 5/100 = 0,05
10% 10/100 = 0,10
25% = 25/100 = 0,25
125% =125/100 = 1,25
412% = 412/100 = 4,12

  1. Претвори ги следниве дропки во проценти
    5/20; 3/25;   13/10;  3/2;   4/5;   1/4;
    Решение:
    Задачата бара дропките да се претворат во процент или ни кажува да ги направиме
    дропките да имаат именител 100 па ќе имаме:

5/20 = (дропката ја прошируваме со 5) = 25/100 = 25%
3/25 = (дропката ја прошируваме со 4) = 12/100 = 12%
13/10 = (дропката ја прошируваме со 10) = 130/100 = 130%
3/2 = (дропката ја прошируваме со 50) = 150/100 = 150%
4/5 = (дропката ја прошируваме со 20) = 80/100 = 80%
1/4 = (дропката јапрошируваме со 25) = 25/100 = 25%



Спонзорирано:


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *