Процент
За процент се користи ознаката %, таа значи делење со 100.
Како на пример 5 проценти се пишува 5%, а значи 5 поделено со 100.
Кога ќе се каже 100% тоа значи цело или максимум.
50% значи половина, а 25% значи четвртина.
Еве неколку примери како се решаваат процентите.
- Претвори ги следниве проценти во дропка?
5%, 10%,25%,125%и 412%
Решение:
5% = 5/100 = 1/20
10% = 10/100 = 1/10
25% = 25/100 = 1/4
125% =125/100 = 25/20 = 5/4
412% = 412/100 = 206/50 = 103/25
- Претвори ги следниве проценти во децимални броеви?
5%, 10%,25%,125%и 412%
Решение:
Знаеме деа кога делиме со 100 треба да добиеме број со две децимални места па ќе имаме:
5% = 5/100 = 0,05
10% 10/100 = 0,10
25% = 25/100 = 0,25
125% =125/100 = 1,25
412% = 412/100 = 4,12
- Претвори ги следниве дропки во проценти
5/20; 3/25; 13/10; 3/2; 4/5; 1/4;
Решение:
Задачата бара дропките да се претворат во процент или ни кажува да ги направиме
дропките да имаат именител 100 па ќе имаме:
5/20 = (дропката ја прошируваме со 5) = 25/100 = 25%
3/25 = (дропката ја прошируваме со 4) = 12/100 = 12%
13/10 = (дропката ја прошируваме со 10) = 130/100 = 130%
3/2 = (дропката ја прошируваме со 50) = 150/100 = 150%
4/5 = (дропката ја прошируваме со 20) = 80/100 = 80%
1/4 = (дропката јапрошируваме со 25) = 25/100 = 25%