Да научиме повеќе за бројот „π“ (Pi) = 3.14

–  Пи (сим. π), Лудолфов број или Архимедова константа е ирационален реален број, кој го претставува односот на обиколката на една кружница со нејзиниот пречникот (дијаметар).
Бројот π има широка употреба во математиката, физиката и инженерството, но се употребува и во други науки. Бројот π исто така е познат и како Архимедова константа (што не е исто со Архимедов број) и како Лудолфов број (по германскиот математичар Лудолф ван Цојлен кој го пресметувал на многу децимали). Постојат различни начини за изразување на Архимедовата константа како дропка, еден од кои е дропката 22⁄7. Постојат брзи методи за добивање на бројот π со произволна точност. Неговата приближна вредност на 5 децимали изнесува 3,14159

  • Графичко претставување на бројот π“ :

Во Евклидовата рамнинска геометрија, π се дефинира како однос на обиколката на еден круг со неговиот пречник, или како односот помеѓу плоштината на кругот со плоштината на квадрат чијашто страна е полупречник: π =L/d = 2rπ / 2r

Ден на бројот „π“
Денот на бројот π во математичкиот свет се слави секој 14 март, зашто ако го напишете датумот во облик на м.дд тогаш се добива наједноставната апроксимација на бројот π: 3,14. Во некои земји каде датумот се запишува во формат дд.мм вообичаено како ден на бројот π се одбележува 22 јули, односно 22/7.

Бројот π  претставен до 100-та децимала:
π=3.1415926535897932384626433832795028841971693993751058209749445923078164062862089986280348253421170679



Спонзорирано:


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *