Заукружување на децимални броеви
Правило за заокружување на децимални броеви:
– ако првата цифра од броевите кои ѓи изоставуваме е 0,1,2,3 или 4, тогаш цифрата пред неа не се менува
– ако првата цифра од броевите кои ѓи изоставуваме е 6,7,8 или 9 тогаш цифрата пред неа се зголемува за 1
– ако првата цифра од броевите кои ѓи изоставуваме е 5, тогаш цифрата пред неа се зголемува за 1
– ако првата цифра која ја изоставуваме е 5 а после неа нема друѓи цифри тогаш се применува правилото на парни цифри
a) цифрата пред неа е парна тогаш не се менува пример: 1,825 ≈ 1,82
б) ако цифрата пред неа е непарна тогаш се зголемува за 1 и станува парна пример: 6,555 ≈ 6,56
Пример:
Дадениот децимален број 2,34562398 ќе го заокружиме. Овој број има 8 децимални места.
Подцртаните цифри се цифрите кои ќе ги изоставиме. Бројот заокружен ќе биде:
Заокружен на едно децимално место ќе биде:
2,34562398 ≈ 2,3
Заокружен на две децимални места ќе биде:
2,34562398 ≈ 2,35
Заокружен на три децимални места ќе биде:
2,34562398 ≈ 2,346
Заокружен на четири децимални места ќе биде:
2,34562398 ≈ 2,3456
Заокружен на пет децимални места ќе биде:
2,34562398 ≈ 2,34562 итн.
Пример:
Дадениот децимален број 2,34562398 ќе го заокружиме на најблискиот цел број.
За да кажеме кој цел број ќе го имаме ако го заокружиме овој број, тоа значи дека сите цифри од децималниот дел треба да ѓи изоставиме, па ќе имаме: 2,34562398 ≈ 2
Пример:
Заокружување до најблискиот цел број
2,4 ≈ 2 цифрата 4 ја изоставуваме таа не ја менува цифрата пред неа
76,2 ≈ 76 цифрата 2 ја изоставуваме и таа не ја менува цифрата пред неа
7,8 ≈ 8 цифрата 8 ја изоставуваме и таа ја зголемува цифрата пред неа за еден
Пример:
3,42 ≈ 3,4 заокружено на една децимала
47,3948 ≈ 47,39 заокружено на две децимали
0,047 ≈ 0,05 заокружено со точност од 0.01
0,07649 ≈ 0,076 заокружено со точност од 0.001
Пример:
Процени ја вредноста на 19,6 и 3,28
19,6 ≈ 20
3,28 ≈ 3,3
<– zaokruzuvanje na decimalni broevi –>
12,59 na 1 d.m.?
3,428 na 2 d.m.?
5,98 na 1 d.m.?
49,9752 na 1 d.m.?
19,95 na 1 d.m.?
1,0508 na 3 d.m.?
3,05 na 1 d.m.?
5,8602 na 3 d.m.?
Ve molam odgovor
3,428 na 2 d.m. = 3,43
5,98 na 1 d.m. = 6,0
49,9752 na 1 d.m. = 50,0
19,95 na 1 d.m. = 20,0
1,0508 na 3 d.m. = 1,051
3,05 na 1 d.m. = 3,1
5,8602 na 3 d.m. = 5,860