Манифестација за популаризација на природните науки „Ноември – месец на науката“, 11-26 ноември 2017

Почитувани ученици и наставници,

Ве повикуваме и оваа година да се вклучите во манифестацијата за популари­за­ција на природните науки „Ноември – месец на науката“, во организација на Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (СХТМ), Македонското биолошко друштво (МБД), Друштвото на физичарите на Р. Македонија (ДФРМ), Македонското географско друштво (МГД), Македонското астрономско друштво (МАД), Скопското астроном­ско друштво (САД), Македонското еколошко друштво (МЕД) и Природно-математичкиот факултет (ПМФ).

Настанот е наменет за сите ученици од основните и средните училишта и наставниците по природни науки, физика, хемија, биологија, географија и математика и ќе се одржува на Природно-математичкиот факултет во Скопје во текот на три викенди во ноември 2017 година и тоа:
* 11 ноември за ученици од I-VI одделение
* 18 и 19 ноември за ученици од VII-IX одделение
* 25 и 26 ноември за ученици од I-IV година
и ќе вклучува повеќе настани: научно-популарни предавања, изложба и натпревар во демонстрации/изработки/експе­ри­мен­ти/симулации/модели од ученици, презентации на искуства од наставници, математичка работилница за учениците од I-VI одделение, посета на лаборатории на ПМФ и други активности.

За учество на настанот секој ученик и секој наставник треба да се пријави со пополнување на електронска пријава најдоцна до 30 септември 2017 година и да уплати котизација за учество. Освен тоа, треба да се пополни формулар со опис на демонстрацијата (на учениците) или презентацијата (на наставниците) и да се испрати на дадената електронска адреса најдоцна до 15 октомври (за основно) и до 27 октомври (за средно).

Сите потребните информации и формулари може да се најдат тука:
веб-страница на СХТМ: http://sctm.mk/noemvri-mesec-na-naukata-2017.htm; e-mail: mesec.na.nauka@gmail.com

Секој ученик и секој наставник кој ќе учествува на настанот ќе добие сертификат за учество на настанот, а ќе бидат доделени дипломи и награди на најдобрите ученици на натпреварот во демонстрации, како и на нивните ментори.

Да се вклучиме сите и заедно да придонесеме за популаризација на природните науки!

Со почит,
Проф. д-р Зоран Здравковски, претседател на СХТМ
Проф. д-р Сузана Диневска-Ќовкаровска, претседател на МБД
Доц. д-р Боце Митревски, претседател на ДФРМ
Проф. д-р Билјана Апостоловска-Тошевска, претседател на МГД
​Проф. д-р Олгица Кузмановска, претседател на МАД
Мартин Стојановски, претседател на САД
Проф. д-р Славчо Христовски, претседател на МЕД
Проф. д-р Ицко Ѓоргоски, декан на ПМФ

11.09.2017

Irena Stojkovska – објава на Институт за Математика, ПМФ-Скопје.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *