Подготвителна настава на ФИНКИ

Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во периодот од 30 август до 14 септември 2017, организира подготвителна настава по математика и програмирање. Подготвителната настава се организира со цел да им помогне на новите студенти полесно да ја следат наставата по предметите од математика и програмирање во првата година на студирање. 

Подготвителната настава претставува одлична можност студентите да увидат кои предзнаења се неопходни за совладување на курсевите од првите семестри, како и да го надополнат и освежат своето знаење од математика и програмирање.

Наставата ќе се организира доколку се пријават доволно студенти за формирање на група за секој од двата курса. 

Предвидено е дневно да се реализираат по 6 часа настава и вежби во групи од 18 до 32 студенти. Наставата ќе се реализира со почеток од 9 часот и со поголема пауза помеѓу првиот и вториот блок од 3 часа, за да овозможи време и за дополнително самостојно вежбање на изучените концепти, за што ќе биде обезбедена и соодветна просторија.

Курсот по математика ќе се реализира во текот на 6 дена (40 часа), додека курсот по програмирање ќе се реализира во текот на 5 дена (20 часа). Цената за следење на курсот по математика изнесува 4000 денари. Цената за следење на курсот по програмирање е 2000 денари.

Студентите кои планираат да проследат некој од курсевите (или двата) треба да се пријават најдоцна до среда 28.08.2017 до 16 часот преку пополнување на следнава форма.

Подетални информации може да добиете на следниот маил:  podgotvitelna@finki.ukim.mk.

Сите студенти кои се пријавиле за следење на наставата во предвидениот рок, ќе бидат известени најдоцна до вторник 29.08 до 15:00 со е-порака на е-адресата која ја внеле во пријавата, дали се активирани групите и дали наставата ќе започне.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *