(Интервју) Таблицата за множење ја знаев уште од мали нозе – Марјан Ников

Кога станува збор математиката, спортскиот новинар Марјан Ников вели дека бил солиден ученик, но знаел да побара помош од другарите или од професор за да ја совлада уште подобро. Колку на еден новинар му е потребна математиката, и воопшто какви се неговите спомени од средношколските денови прочитајте во продложение.


Во кое училиште учеше?

  • Учев во Основното училиште „Доситеј Обрадовиќ“ сега се вика „Панајот Гиновски“, додека во средно училиште учев во „Орце Николов“.

Каков ученик беше кога станува збор предметот математика?

  • По предметот математика во основно училиште бев еден од подобрите ученици и без потешкотии ги совладував темите. Во средно училиште веќе имаше малку проблеми и во зависност од темата имаше и потешкотии, но и делови кои лесно ги совладував. Во средно некако геометријата ми беше по комплицирана. Проблемите околу совладувањето на материјалот воглавно ги надминува со дополнителни часови и со помош од другарите од класот.

Каква оцена имаше по математика?

  • Во основно училиште оцената по математика ми беше петка, додека во средно оцената во текот на годината се движеше од тројка до петка, а на крајот на годината четворка и петка.

Дали повеќе ти одговараа природните науки или пак некој сосема друг предмет?

  • Во основно училиште подеднакво добро ги совладував сите предмети, но најмногу ги сакав историја и географија. Во средно училиште истите два предмета ми беа „омилени“ (ги учев само во прва и втора година).

Мoжеш ли да се сетиш на некој дел од математиката, и да кажеш, да тоа ми одеше ?

  • Таблицата множење ја научив многу рано, мислам дури и пред да почнам со школување. За тоа најмногу ми помогна мојата баба, која порано работела во банка. Особено лесно ми беше кога имаше множење на броеви со повеќе цифри, а и ден денеска се сеќавам на „крстот“ за проверка во множењето.

Дали си добил единица по математика?

  • Еднаш да мислам дека беше во втора година, но брзо ја поправив.

Колку време ти требаше да се подготвиш за тест по математика?

  • Мислам дека за разлика од денеска тогаш имаше поинаков начин на оценување. За писмена работа (се пишуваше во тетратка – обично четири задачи) се подготував 2-3 дена, некогаш со другари соученици, некогаш со помош на професор.
    Мојот најголем испит по математика го имав кога се запишував на машински факултет тогаш полагав приемен испит матеметика се подготвував 10 дена сам и приемниот испит го поминав супер мислам дека од можни 30 поени освоив 21 (не ги решив сите задачи), а потоа и физика положив и се запишав на машински, но по еден семестар го сменив факултетот и потоа дипломирав новинарство.

Колку математиката е дел од твоето секојдневие и професија?

  • Освен основните работи, собирање, одземање, множење и делење, друго ништо не применувам во мојата професија и секојдневието.


Спонзорирано:


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *