(Интервју) Ја применувам Геометријата во секој мој модел – Ивана Кнез

Уникатните дизајни на Ивана Кнез пленат со нивната авангарда. Вели дека за неа геометријата е секојдневие и дека не постои ниту еден модел кој е направен без нејзина примена.

Во кое училиште учеше?

  • Завршив основно училиште во Вера Циривири Трена во Карпош и општа гимназија Орце Николов, од каде имам посвежи сеќавања.

Каков ученик беше кога станува збор предметот математика? Каква оцена имаше по математика?

  • Генерално бев одличен ученик, освен по математика каде едвај успевав да добијам 3, па заради другите оценки професорите мораа да прават компромис па ми ставаа 4 или 5. Мислам дека 5 имам добиено вкупно два пати во животов по математика.
    Ако 2+2=4 во мојата глава 2+2 до ден денешен е 7 🙂

Дали повеќе ти одговараа природните науки или пак некој сосема друг предмет?

  • Најмногу го сакав делот уметност, едвај чекав ликовно и на скоро пола одделение им ги правев цртежите јас. И македонски јазик, обожував да пишувам и читам.

Мoжеш ли да се сетиш на некој дел од математиката, и да кажеш, да тоа ми одеше

  • Кога ќе се натерав себе си да се ангажирам доволно успевав да бидам добра во логичките задачи и интервалите. Сега да ме прашате нема да можам ниту да Ви објаснам што е што.

Дали си добила единица по математика?

  • Често. Имав една другарка со која заедно решававме задачи и кога ќе не прашаа што правите, ние велевме – Во водата дупка, 100 задачи решени, сите грешни.

– Колку време ти требаше да се подготвиш за тест по математика?

  • Точно не се сеќавам знам дека не се подготвував долго за ниту еден предмет, јас бев кампањец за предметите кои не ме интересираа. За оние кои ги сакав до ден денешен ги паметам лекциите.

Колку со твоето знаење можеше да им помогнеш на другите кога им требаше помош со математиката?

  • Препишуваа од мене на тестови не велам не, дури имав и една ситуација каде девојката која препишуваше доби 5 а јас 3, Марфиев закон.

Колку математиката е дел од твоето секојдневие и професија?

  • Тоа е иронијата на животот, Математиката до ден денешен ме следи, поточно сега веќе геометријата, бидејќи без неа јас не можам ниту основен крој да направам. А кога ќе се сетам колку бегав од математика  🙂

 

http://www.ivanaknez.com/
https://www.facebook.com/dramafashionmk/

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *