МЕЃУНАРОДЕН МАТЕМАТИЧКИ НАТПРЕВАР КЕНГУР БЕЗ ГРАНИЦИ 2017

ИЗВЕСТУВАЊЕ 

Заради одредени причини, определен број ученици не се во можност преку своите училишта да учествуваат на натпреварот КЕНГУР2017. Имајќи го предвид интересот за учество, како и фактот дека овој престижен натпревар е единствен од ваков вид, а постигнатите резултати на истиот се вреднуваат за упис на огромен број универзитети во светот, Сојузот на математичарите на Македонија одлучи за овие ученици натпреварот да го организира на ФОН универзитетот. Со тоа се обезбедува сите ученици на територија на Република Македонија да имаат еднакви можности да учествуваат на овој престижен натпревар, односно да имаат ист третман. Како и за другите ученици натпреварот ќе се одржи на 16.03.2017 година со почеток во 11 часот. Учесниците треба да бидат во холот на Универзитетот во 10 часот и со себе да понесат:

-пријавата за натпреварот, и
-доказ за уплатена котизација за учество.

Пријавата за натпреварот треба да се превземе од ова известување и уредно да се пополни. Рокот на пријавување не е ограничен.
Прилог: пријава за учество на натпреварот види тука

Со почит
Алекса Малчески

www.smm.com.mk



Спонзорирано:


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *