Агломер – Геометрија

Во геометријата, агломер е транспарентна кружна или полукружна алатка за мерење на агли. Единиците мерки кои се употребуваат на агломерот се степени. Симбол на степенот е „ °  “.

Секој агломер има центар и основна линија, како и две скали со броеви во степени за мерење на агли во двете насоки (во насока на движењето на стрелките на саатот, или во спротивната).

При мерење на агол со агломер, центарот се поставува врз темето на аголот, а едната страна од основната линија врз едниот крак на аголот. Гледајќи ја скалата која започнува на 0° се бара бројот на таа скала кој одговара на другиот крак од аголот.



Спонзорирано:


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *