Семинар „Математика и примени“ – 14 декември

Ве известуваме дека најавениот Прв семинар „Математика и примени“ ќе се одржи на 14 декември 2016 година, на Институтот за математика, при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Семинарот се организира во чест на 70 години од основањето на Институтот за математика.

Предавањата на Семинарот ќе бидат од научно-популарен карактер од областа на чистата и применетата математика, како и предавања од областа на наставата по математика во основно и средно училиште.

Работата на Семинарот ќе биде јавна и отворена. На Семинарот може да учествуваат како предавачи или слушатели униврерзитетските наставници, наставниците во средните и основните училишта, студентите, учениците, претставниците од индустрискиот сектор. На присутните ќе им бидат доделени и признанија (сертификати) за учество.

Учесниците предлог насловите и апстракт од предавањата можеа да ги испратат најдоцна до 30.ноември. Авторите на изложените трудови на Семинарот ќе имаат можност да ги објават трудовите на математичкиот портал на Институтот за математика – ПОИМ или во печатено издание „Математика и примени“ со трудови од областа на математиката и нејзините примени.

Ве покануваме да учествувате на Семинарот, било како предавач, било како слушател, за заедно да и’ оддадеме признание на математичката традиција во Македонија, но и на математиката и нејзината примена во науките, технологијата, природата, културата, наставата и животот воопшто.

Извор: Институт за математика

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *